fbpx
Сѐ за политика на едно место!

ОД ЕУ Македонија ќе добие 66 милиони евра за борба против коронавирусот

Евроамбасадорот Самуел Жбогар најави дека Европската Унија ќе ѝ помогне на Македонија во борбата против коронавирусот со 66 милиони евра.

Жбогар на својот профил на Твитер напиша:

„Во ова тешко време, ЕУ ќе ја поддржи Северна Македонија со четири милиони евра за итни потреби, 50 милиони евра за социоекономско закрепнување, девет милиони евра за приватниот сектор, три милиони евра директна поддршка за буџетот“.