fbpx
Сѐ за политика на едно место!

Падна француската влада, премиерот Едуард Филип поднесе оставка

Францускиот премиер Едуард Филип поднесе оставка од функцијата. Со тоа официјално падна француската влада.

Сепак, Филип ќе раководи со владините работи, се’ додека не биде именуван нов кабинет. Има најави дека нов премиер би можело да има уште денес.

Оставката на премиерот всушност еден ден претходно беше најавена од претседателот на Франција, кога кажа дека следната фаза од неговиот мандат ќе биде проследена со нов тим во владата.

Едуар Филип (49) беше на позицијата премиер на Франција од 15 мај 2027 година.

фото: Sputnjik – Sputnik News