fbpx
Сѐ за политика на едно место!

Поради коронавирусот Русија ја затвори границата

Русија одлучи да ја затвори границата со Кина во пет региони на Далечниот Исток поради ширењето на коронавирусот, изјави премиерот Михаил Мишустин.

„Денес е потпишана соодветна наредба, а примената е веќе почната. Во текот на денот ќе ги известиме сите, во согласност со утврдената постапка, за сите настани за затворање на границата во регионот на Далечниот Исток и за другите мерки што ги спроведува владата“, рече премиерот.

Министерот за надворешни работи Сергеј Лавров соопшти дека Русија престанала да издава електронски визи за кинески државјани.

Медиумите известуваат дека копнената комуникација меѓу двете земји е прекината и е воспоставен карантин на границата.

Ограничувањето на комуникацијата меѓу двете земји е предвидено до 4 февруари.