fbpx
Сѐ за политика на едно место!

Поранешните вработени: Семејството Милошоски кичевското здружение на возачи ни го презеде на мафијашки начин!

По објавување на аудио-снимките од кои произлелегува дека пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошовски се распрашувал кај експретседателот на Врховниот суд за судска пресуда поврзана со неговиот татко Милош Милошоски, реагираат поранешни вработени во кичевското здружение на возачи, кои, како што обвинуваат, биле исфрлени од здружението веднаш откако било преземено од семејството Милошоски, со цел, според нив, да го приватизираат и да дојдат до значителни финансиски средства, објави Фокус.мк.

Еден од нив е Зоре Којчески, кој за Фокус изјави дека дека Милош Милошоски го презел здружението на мафијашки начин и потоа незаконски избркал голем број на вработени, меѓутоа, како што истакнува, ниту една судска постапка не завршила во нивна полза поради влијанието на неговиот син Антонио Милошоски. Според него, вчерашните “бомби“ на кои се слуша дека Милошоски се договара за пресуда со Вангеловски е доволна основа надлежните институции да оформат кривичен предмет за Милошоски и неговиот татко Милош.

Слична судбина имал и Спасе Србиноски, кој потсетува дека семејството Милошоски во 2007 година, една година откако ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт, направило преврат во кичевското здружение на возачи на, како што вели, мафијашки начин.

Текстот во целост на: Фокус.мк