fbpx
Сѐ за политика на едно место!

Разрешен Зибери, на негово место назначен д-р. Александар Стојанов

Министерството за здравство информира дека е разрешен ВД Директорот на Центарот за јавно здравје Скопје, д-р. Арбен Зибери. Зибери е разрешен заради пласирање на неточни изјави во јавноста со што директно наштети на угледот на членовите на Комисијата за заразни болести, доведувајќи го во прашање кредибилитетот на здравствените институции во борбата со коронавирусот.

Министерството информира дека д-р. Александар Стојанов, епидемиолог од Центарот за јавно здравје е назначен за нов ВД директор на Центарот.

фото: Архива