fbpx
Сѐ за политика на едно место!

Руски аманет!

Рускиот аманет си е ваша бугарска работа. Наше си е да ве потаманиме, да опстоиме и да ја издигнеме независна Македонија! Сакате решение братучеди? Ќе го добиете деновиве!  

Пред да умре СССР, остави аманет на своето балканско чедо Бугарија. На Балканот смее да постои СЕ, само Македонија и Македонци НЕ! Смртта на СССР не значеше и крај за заразата наречена болшевизам. Таа е повирулентна од илјада корони. Има свои преносители насекаде низ Балкан, не само во Бугарија. Особено ги има во Албанија и Македонија, Србија и Црна Гора, Романија… но во Бугарија си е свој на своето!

Русите многу добро знаат дека само македонизмот може да го потисне србизмот од Македонија. Тоа ги прави да се чувствуваат несигурно, да чувствуваат дека губат контрола на терен, дека го губат влијанието во Македонија. А тоа е клучно за стабилноста на Балканот. Ние Македонците тоа многу јасно го гледаме и се трудиме да излеземе од сферата на нивното влијание, со помош на нашите западни сојузници, особено САД и НАТО како чадор организација. Тоа го гледаат и Бугарите, ама тие завалијата се робови на болшевиците, тие ја управуваат Бугарија, потепани се од страв од Русите, буквално ги деперсонализираа и направија живи зомби од нив. Русите навремено, уште за време на нивниот подизведувач Тодор Живков, комунистички диктатор на Бугарија, создадоа специјална политика на оспорување на автентичноста на македонизмот, со граница од 1941 година. Нели тие комунисти, па така им личеше. А сега денешниве бугарски власти демек европјани и антикомунисти, па границата ја поместија во 1944 година. Исти „к….“ друго пакување!

Бугарија одбива да го види македонизмот како најсилен инструмент во борбата со србизмот во Македонија, нешто што Тито го видел на сам почеток и го искористил во борбата против Сталин и СССР. Бугарија ќе прифати се, само постоење на Македонци не! Тоа е тоа единство помеѓу руската и бугарската надворешна политика и национални интереси. За нив е подобро да бидеме југословени (јужни словени), да го обожаваме Тито, само да не бидеме Македонци. Токму затоа тие инсистираат на 1944 година! Тоа им е руски аманет! Со тоа тие ги легитимираат руските активисти на АСНОМ како создавачи на се македонско, без да пресметаат дека ние не пиеме масло, и добро знаеме кој ја органзираше 1944 година.

Сите денешни Бугари, македонски Бугари, бугарски политичари без разлика дали се од екипата на герберите, болшевико вмровците, фејк вмровците, социјалисти мазохисти и сл. кои оспоруваат автентичен македонизам, ги поддржуваат Рамковната позиција или Меморандумот, се слуги и спроведувачи на рускиот аманет! За бугарашите да не говориме, тие за тоа и се создадени. Тоа им е платена задача. Попусто мнозина од нив ни се претставуваат како демократи, европјани, припадници на оваа или онаа политичка групација во европскиот парламент, кога сите се обединети околу едно, да го исполнат рускиот аманет.

Интересот на Русија доби на интензитет во моментот кога стана јасно дека Македонија станува полноправна членка на НАТО и започнува преговори со ЕУ. Тука ги фати паника, па ги активираат сите келии. Сите слипери. Будалетинките од Бугарија, осоколени од Илинденскиот договор, од нашата искрена желба за помирување, помислија дека ни станаа газди во Македонија, мобилизираа по некоја изгубена олигархиска честитка од тука, без да знаат дека во Македонија не може да се биде олигарх без согласност од Белград, се обидоа да влијаат на Референдумот по повот Преспанскиот договор, во насока на негово пропаѓање и поделба на Македонија, со цел да се спогодат со Србија. Детали за ова ќе Ви напишам во друга прилика. Ги чекам на пенал „бугарскиве конзули“. Покасно, откако дознаа дека сме ги поминале жедни преку вода, дека се всушност гола вода во Македонија, а мотивирани од шефицата Русија, потрчаа со Рамковна спогодба. Бидејќи тоа беше толку небулозна и никој нормален во Македонија не можеше да ја прифати за анкес на Илинденскиот договор од 2017 година, ја промовираа како Рамковна позиција. Откако го запрепастија и Брисел, со небулозите во истата, културните бриселчани, вистински европјани им побараа појаснување. Овие руските слуги од Бугарија, до тој степен се слепи, што не ја разбраа играта и начисто се изложија. Испратија Меморнадум до Брисел, како појаснување на Рамковната позиција, со кој конечно вистински си го покажаа лицето! Самото постоење на Македонија како држава е навреда за Бугарија, а не само Македонците како нација! Енде! Тука на цел свет му покажавте дека играте руски казачок, а не бугарско или македонско оро! Завршивте со Македонија, вие млади европејци. Дајте нови деца од Бугарија, тука во Македонија, да ви ги воспитаме во прав европски дух, за да ја владеат европска Бугарија. Како кажувале македонските мајки, роди се сине, порасни јунак, за да ја владееш Бугарија. Време е за тоа. Или ќе прифатите Македонци на чело на Бугарија или пак ќе доживеете најнова национална катастрофа, па повторно ќе плачите следните 100 години.

Рускиот аманет си е ваша бугарска работа. Наше си е да ве потаманиме, да опстоиме и да ја издигнеме независна Македонија! Сакате решение братучеди? Ќе го добиете деновиве!  

Петар Богојески с.р.