fbpx
Сѐ за политика на едно место!

САД го објави последното обвинение против основачот на Викиликс, Џулијан Асанж

Министерството за правда на САД го објави последното обвинение против основачот на Викиликс, Џулијан Асанж. Тој е осомничен дека регрутирал хакери на конференции во Европа и во Азија кои би можеле да обезбедат доверливи информации за неговата веб-страница, како и дека бил во дослух со членови на хакерски организации, објави АП.

Покрај регрутирање хакери на конференции, обвинението го товари Асанж за соработка со хакерските групи „Анонимни“ и „ЛулзСек“, како и со 17-годишен хакер, кој му давал информации украдени од банка и аудио записи на високи владини функционери.

Адвокатот на Асанж, Бери Полак, рече дека „немилосрдната потрага на владата за Џулијан Асанж“ претставува сериозна закана за новинарите и за правото на јавноста да знае.

фото: Архива