fbpx
Сѐ за политика на едно место!

СДСМ: Мизрахи по нарачка на Мицкоски и Груевски го крши Уставот и го прекршува Договор од Преспа

Техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи мора да биде разрешена бидејќи свесно и намерно го крши Уставот и го погазува Договорот од Преспа со што на ризик ги става односите со соседите и процесот на евроинтеграциите, се вели во соопштението од СДСМ.

Мизрахи, како министерка во преодната Влада, наместо да се стави во функција на обезбедување на слободни и демократски избори, таа како кадар на Никола Груевски и Христијан Мицкоски, одлучи да спроведува наредби дадени од Белиот дворец и од Будимпешта.

СДСМ го достави предлогот за разрешување на Рашела Мизрахи во Собранието, бидејќи нема компромиси за непочитување на Уставот и очекуваме таа да биде разрешена на првата наредна седница на Собранието.

Граѓаните знаат дека за опозицијата ситно-партиските интереси се поважни од иднината на државата и дека упорно се залага за враќање на режимот.

Затоа граѓаните на 12 април ќе порачаат – режим никогаш повеќе, се вели во соопштението од СДСМ.