fbpx
Сѐ за политика на едно место!

СДСМ: Четвртиот сет на антикризнини мерки се платежни картички за пензионери, невработени и самохрани родители

Владата предводена од СДСМ и во новиот мандат продолжува со креирање и реализација на мерки, со кои им помага на граѓаните и на компаниите полесно да го поминат овој тежок период на пандемија со коронавирусот, се вели во соопштенито од СДСМ.

Четвртиот сет на антикризнини мерки, кој ќе биде презентиран наскоро, ќе ги рефлектира реалните потреби на компаниите и на граѓаните и дополнително ќе ја раздвижи економијата.

За да се стимулира приватната потрошувачка и да се зајакне куповната моќ, платежни картички ќе им бидат доделени и на пензионерите со пензии до 15.000, пасивните баратели на работа, како и на самохраните родители.

Пакетот предвидува и стимулативни мерки за враќање на работа на лицата кои беа отпуштени за време на кризата, а продолжува и поддршката за компаниите со цел зачувување на работните места.

Владата со првите три сета мерки успеа значително да ги ублажи негативните ефекти врз економијата, преку обезбедување на ликвидност на компаниите и борба за зачувување на секое работно место, а истовремено со платежните картички и ваучерите за туризам ја поттикна домашната потрошувачка и економија.

Во новиот мандат, Владата предводена од СДСМ, ќе покаже дека државата е сервис на граѓаните и сите сили ќе ги насочи во градење на нова, развојна македонска економија подготвена да одговори на сите предизвици, се вели во соопштенито од СДСМ.