fbpx
Сѐ за политика на едно место!

Села: Доколку победиме на изборите игрите на среќа ќе бидат дозволени само во хотелите со пет ѕвезди

Претседателот на Алијансата за Албанците Зиадин Села истакна дека доколку Алијансата за Албанците и Алтернатива победат на парламентарните избори, игрите на среќа ќе бидат дозволени само во хотели со 5 ѕвезди.

-Позицијата на Алијансата за Албанците во врска со законот за игри на среќа, неколку пати јавно е искажано и истото е веќе вклучено во коалициската програма Алијанса за Албанците и Алтернатива „Држава за сите“, истакна Села на собирот на коалицијата Алијансата за Албанците и Алтернатива, со жителите на селото Пирок.

Села додаде дека оваа коалиција која, доколку е дел од владата, ќе го промени законот за игри на среќа, слично како и моделот на Албанија и Косово, затоа што оваа девијантна појава во нашето општество, принудува илјадници млади албанци да заминат од државата, барајќи го решението во европските земји како Германија и други земји.

фото: Архива