fbpx
Сѐ за политика на едно место!

СКАНДАЛ: Бугараши и удбаши (список од ВМРО ДПМНЕ) заедно против Македонски концепт!

  • Ексклузивно – документ на УДБА со соработниците од ВМРО ДПМНЕ на Мицкоски и БНД на Каракачанов.

Продолжува акцијата на Красимир Каракачанов и Христијан Мицкоски со цел замолчување на Петар Богојески и барањето да се укине Македонски концепт, како изворно македонско движење, кое се спротиставува на обидите за уништување на македонската посебност.

Имено, во текот на ист ден, координирано помеѓу структурите на ДПМНЕ и БНД, двајца нивни гласноговорници Владо Перев и Иванка Ина Василевска Додовска Македонска Дамевска, припадници на иста служба, оркестрирано го нападнаа Петар Богојески со тужби за клевети и текст – анализа за бугарски медиуми.

Нивни познаници говорат дека станува збор за две исклучително некредебилни лица, со исклучително сомнително минато, тесно поврзано со старата озогласена УДБА, кои долги години работат на координација помеѓу „бугарското и македонското ВМРО“ на Каракачанов и Мицкоски.

Владо Перев е познат соработник на УДБА, под псевдонимот Тутунар, а откако станува нивни официјален припадник, под псевдонимот Величко. Тој долги години работи на уништување на семејства кои се идеолошки припадници на историското ВМРО, како семејството на Методи Димов, чесен и скромен граѓанин од Битола. Тој е клучен оперативец во Оперативната акција ОО „Бруно“ со техничка мерка ОТС „9Е“ , со која се уништува животот на познатиот битолчанец, деец на историското ВМРО.

Владо Перев работи координирано со поголема група на соработници на УДБА, инсталирани во ВМРО ДПМНЕ, а ексклузивно објавуваме документ од неговото досие со список на тие соработници.

Го поседуваме целокупниот документ од 10 страни со спосокот на соработници од Македонија и Бугарија, а објавуваме само страница 4. Доколку се укаже за потребно, истиот ќе биде објавен во целост.

Истиот тој Владо Перев во повеќе наврати објавува нарачани текстови од БНД на Каракачанов и ДПМНЕ на Мицкоски, во бугарскиот Фактор.бг., против Македонски концепт и Петар Богојески. Во истите се искажуваат низа клевети и лаги, кои немаат никаква поврзаност со реалноста.

Поврзаноста помеѓу овие два ликови, Перев и Василевска Македонска Додовска Дамовска и ред други презимиња, датира одамна, од времето кога УДБА мобилизирала млади амбициозни македонски граѓани, кои треба да го продолжат делото на старите удбаши. Од тука и мобилизацијата на познат кавадарчанец, кој е активист и функционер на ВМРО ДПМНЕ и близок соработник на Мицкоски. На денот на потпишувањето е присутен и лидерот на бугарската МПО Геогри Лебамов, финасер на Каракачанов и БНД, предметниот Владо Перев и двајца началници на УДБА.

Извори од партијата тврдат дека истата таа група е вмешана во организацијата на крвавиот четврток (27ми април) и обидот за државен удар и убиство на Зоран Заев и Зиадин Села, политички лидери на тогашната опозиција во земјата, предводена од Борис Дамовски, лидер на таа група, денешен (еден од повеќето) сопруг на Иванка Ина Додовска Македонска Василевска.

Тоа е познатата група амнестирани пучисти за државниот удар во Македонија, со цел да се спречи влез на земјата во НАТО. Помош за таа активност имале од Бугарија, за што ќе објавуваме докази во иднина.

Тоа се несоборливи докази за заедничкото дејствување на Иванка Ива Додовска Македонска Василевска и Владо Перев, полтрони на Мицкоски и Каракачанов. Целта е да се замолчи Петар Богојески да ја кажува вистината во јавност, особено за скандалозната изјава на Василевска за иден сојуз со Србија и неуспешниот проект наречен МПЦ.

https://novatv.mk/vasilevska-od-vmro-dpmne-ako-bideme-prinudeni-na-federalizatsija-mozhe-da-se-razmisli-za-sojuz-so-srbija/

Дали Богојески ќе потклекне под овие уцени и ќе го укине Македонски концепт, останува да видиме во иднина.