fbpx
Сѐ за политика на едно место!

Славески: Со купување на македонски производи, произведени од македонски компании, вие го продолжувате работењето на компаниите

Македонските компании се најдирекно изложени на штетните последици од пандемијата со корона вирусот. Извозот за нашите компании е речиси сопрен, на дневна основа губат милиони евра. Светот економски се затвори, се затвораат границите и транспортните коридори. Сега е вистинскиот момент да си помогнеме самите себе си, купувајќи македонски производи, истакна Трајко Славевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Во нашите маркети и продавници ќе најдете речиси се што е потребно од храна и пијалоци, средства за хигиена и козметика, и многу други производи создадени од наши компании. Од вредните раце на нашите работници.

Изборот нека падне на нашите производи, бидејќи економијата е таa која бара помош.

Со купување на македонски производи, произведени од македонски компании, вие го продолжувате работењето на компаниите, ја помагате економијата, вие помагате работниците да не заминат дома со празни раце.

Со купување на македонски производи, обезбедувате егзистениција.

Купувањето на македонски производи денес значи љубов кон Македонија.

Затоа што ја сакаме Македонија, купувајте македонско, истакна Трајко Славевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

фото: ВМРО ДПМНЕ