fbpx
Сѐ за политика на едно место!

Собранието ја разреши Мизрахи од функцијата министер

По речиси шест часа расправа Собранието со 62 гласа „за” ја разреши министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи.

Премиерот Оливер Спасовски достави до Собранието предлог за нејзино разрешување. Тој пратениците рече дека побарал разрешување поради серија јавни настапи во МТСП пред табла со името „Република Македонија”, наместо Северна Македонија. Тој потенцираше дека несериозно е со Уставот да се играат играчки – кога некому му одговара, да го почитува, а кога треба да добие партиски интерес да го погазува.

Искрено се надевам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи нов кандидат за местото министер за труд и социјална политика, кандидат кој ќе ги почитува Уставот и законите и кој ќе го даде својот првенствен придонес во организацијата на фер и демократски избори, и кој ќе овозможи непречено функционирање на министерството во испораката на услугите кон граѓаните, рече премиерот.

-Уште не влезена во Министерството како прва Еврејка во историјата на Македонија назначена за министер во Влада бев мета на антисемитски напади  од лица кои ниту бираат средства, ниту начин, ниту зборови. Па наместо да ја критикуваат мојата работа, ја критикуваа мојата верска и национална припадност и ме обележаа со жолта ѕвезда, истакна Мизрахи .

фото: Архива