fbpx
Сѐ за политика на едно место!

Спасовски до Собранието достави предлог за разрешување Мизрахи

Премиерот на РСМ во техничката Влада Оливер Спасовски, до Собранието достави предлог за разрешување на техничката министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи, брифираат за Стандард од Владата.

„Премиерот и Владата имаат обврска да обезбедат заштита на Уставот на Република Северна Македонија. Имајќи предвид дека министерката Мизрахи свесно и намерно го крши Уставот и со тоа ја загрозува евроатланската иднина на земјата, премиерот до Собранието достави предлог за разрешување на техничката министерка за труд и социјална политика, Мизрахи“, велат од Владата.

Мизрахи вчера изјави дека таблата поставена во МТСП, на која стои Република Македонија е наследена. Како што појасни, не постои стара и нова, постои само една табла. Таа истакна дека нема намера да ја менува таблата со старото име, па дури и да треба да плати казна од 5.000 евра.

фото: Архива