fbpx
Сѐ за политика на едно место!

Спасовски: Никогаш да не се повтори невремето што пред четири години го зафати Скопје

Премиерот Оливер Спасовски денеска на својот Фејсбук порача никогаш да не се заборави и да не се повтори големото невреме, што пред четири години го зафати Скопје.

„Со тага се присетуваме на денешниот ден, кога пред четири години Скопје беше погодено од големо невреме кое предизвика поплави во селата Стајковци, Смилковци, Сингелиќ и Арачиново, при што животот го загубија 22 наши сограѓани. Денес животот во овие скопски места е вратен во нормала, за што сведочат асфалтираните улици, исчистените речни корита и нова водоводна мрежа, а граѓаните и денес зборуваат за пружената помош, за херојството и солидарноста кои беа демонстрирани од страна на нашите сограѓани од целата држава“, напиша Спасовски и порача: „Никогаш да не се заборави, никогаш да не се повтори.