fbpx
Сѐ за политика на едно место!

ТЕ-ТО АД ги демантира наводите на Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев

Во целост ги демантираме наводите на Министерот за внатрешни работи г-дин Наќе Чулев
искажани на прес конференнцијата на 12.02.2020 година. ТЕ-ТО АД достави целосна документација до сите надежни институции со која се докажува дека ТЕ-ТО АД работи согласно закон и ниту еден законски пропис не е прекршен, се вели во демантот од ТЕ – ТО.

Еднострано прикажаните информации од Топлификација АД пред МВР не докажуваат дека во ТЕ-ТО АД има криминал, туку токму напротив тоа се лаги и манипулации со цел постигнување на
незаконски интереси на менаџментот на Топлификација АД.
Кривичната пријава дека ТЕ-ТО АД перело пари е отфрлена од Обвинителството за организиран криминал уште во декември 2019 година.

Обвинувањето од Топлификација АД за лажен стечај е целосно неиздржано. Постапката за реорганизација на ТЕ-ТО АД е спроведена целосно согласно законските прописи.
Тоа е потврдено со решението на Основен суд Скопје 2 Скопје и решението на Апелациониот
суд со кои се усвојува планот за реорганизација на компанијата, а во кој процес Топлификација
АД ги даде истите забелешки кои ги наведе и во кривичната пријава против ТЕ-ТО АД. Нагласуваме дека целокупната документација поврзана со стечајот и реорганизација на ТЕ-ТО АД ја анализираа врвни експерти од областа на правото кои изработија правно мислење со кое
се потврдува дека ТЕ-ТО АД во целост постапувало согласно закон.

Поради тоа, бараме да се престане со злоупотребата на ТЕ-ТО АД во политички цели  во предизборен период и да се остават надлежните институции без притисок да ја завршат
својата работа, се вели во демантот од ТЕ – ТО.

фото: Архива