fbpx
Сѐ за политика на едно место!

Трамп ја прифати претседателската кандидатура, вети „велика Америка“ и „победа над социјализмот“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја прифати кандидатурата на републиканците за претседателските избори во ноември.

Тој беше избран за годинашен кандидат на Републиканската конвенција со гласање на делегатите.

Во својот говор, Трамп рече дека неговиот демократски противник на изборите, Џо Бајден, „не е спасител на американската душа“ и дека ако граѓаните му веруваат, „тој ќе ја уништи големината на Америка“.

Тој им порача на граѓаните да не веруваат дека политичарите ќе ги спасат, туку да веруваат во Бога.