fbpx
Сѐ за политика на едно место!

Уапсен советник на бугарскиот претседател

Советникот на бугарскиот претседател за правни прашања, Пламен Узунов, е уапсен по претходно извршениот претрес во неговиот кабинет, пренесува бугарското национално радио повикувајќи се на адвокатот на Узунов.

Бугарскиот јавен обвинител Иван Гешов изјави дека во тек се два одвоени истражни процеса, од кои едниот го спроведува Военото окружно обвинителство, а вториот специјалното обвинителство.

Името на Пламен Узунов повеќепати беше доведувано во врска со бизнисменот Пламен Бобоков.

фото: Traffic News