fbpx
Сѐ за политика на едно место!

„Фејсбук“ откри дека македонски тролови ширеле дезинформации за коронавирусот

Социјалната мрежа „Фејсбук“ одново го забрани сајтот „Natural news” после повторните содржини со теории на заговор. Овој пат забраната е поради тоа што оваа интернет страница користеле т.н. фарми на тролови од Македонија и од Филипините за да ги шират нивните текстови, а информациите најчесто биле поврзани со лажни информации за коронавирусот, со 5Г, Бил Гејтс и хидроксихлорокин, објави американски „СиЕнБиСи“.

Како што објави американсата телевизија, станува збор за „еден од најупорните споделувачи на виралното видео за т.н. ‘Пландемија’, кое лажно трвди дека корона вирусот е дел од намерна владина завера со цел да се контролира популацијата преку вакцини, и погрешно посочува дека носењето маска го зголемувало ризикот од зараза со корона вирусот“.

„Отстранети се овие страници поради злоупотреби, не поради содржините. Тие ги доведуваат во заблуда луѓето во врска со популарноста на нивните објави и користеа фарми за содржини од Северна Македонија и од Филипини“, соопшти „Фејсбук“.

Инаку, официјалната Фејсбук страница на Натурал њуз била банирана од Фејсбук минатата година, но веб-сајтот го заобиколил банот постирајќи содржини во брендирани групи со имиња како „Amazing cures“ (Неверојатни лекови) и „GMO Dangers“ (Опасности од ГМО), кои имале стотици илјади следбеници.

Откако Фејсбук открил за манипулацијата, компанијата на 19 мај ја исклучила можноста да се постираат линкови до Натурал њуз и до сестринските сајтови

фото: YouTube