fbpx
Сѐ за политика на едно место!

(ФОТО) Ногачески: Во месноста “Пресека”се депонира комунален отпад

Во саботата, 21.03.2020 година од страна на совесни граѓани телефонски бев известен дека во местноста “Пресека”, на територијата на општина Дебрца, на локацијата каде се наоѓа депонијата, односно одлагалиштето на инертен отпад ( земја, шут и слично ),кој се црпи по трасата на Автопатот А2 ( во изградба ) забележано е депонирање на комунален отпад од страна на возила со кичевски регистарски таблички, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Зоран Ногачески.

🔴По пријавата веднаш излегов на лице место, каде констатирав дека во одлагалиштето за инертен отпад е депонирано одредено количество на комунален отпад.
Во текот на денот на истото место увид извршиле и претставници на Координативното тело и месните заедници од околните села, со кои телефонски контактирав.

🔴Со оглед на тоа да за одлагалиштето одговорни се ЈП за државни патишта, како инвеститор, Градежниот институт Македонија, како надзорен орган и АД Илинден, како изведувач, до сите три субјекти денес испратив претставка со барање депонираниот комунален отпад да се отстрани од одлагалиштето и најостро предупредување во иднина да не се дозволи во одлагалиштето да се депонира комунален и друг вид на отпад од било кој субјект, односно побарав проблемот да се реши на институционален начин и без тензија, а која најмалку ни е потребна поради вонредната состојба во која се наоѓаме.

🔴Во спротивно, против субјектите одговорни за управување со одлагалиштето ќе ги преземеме сите со закон дозволени правни средства.

П.С. Голема благодарност за граѓаните кои покажувајќи висока свест за еколошката иднина на нашата општина и држава благовремено реагираа , напиша Ногачески.

Објавата на градоначалникот може да ја видите на овој линк.

фото: ФБ Зоран Ногачески