fbpx
Сѐ за политика на едно место!

Цариград ја признава МПЦ – ОА!!!

Не очекува голема радост, Вселенската патријаршија ќе ја тргне шизмата од МПЦ, како прв чекор кон конечното признавање на автокефалноста.

Вселенската патријаршија нема намера да отстапи од процесот на решавање на црковното прашање во Македонија, туку напротив и покрај сите притисоци и закани од Руската црква и нејзините поддржувачи во Грција и во Србија е подготвена да го реши деценискиот спор во Македонија. Вселенскиот Патријарх Вартоломеј се покажа како тврд орев, не попушта на непријателите на православната вера.

Сите имаат свештен долг, а особено Мајката Црква Константинополска, исто како што направи и во случајот на Бугарскиот раскол, и тоа во 1945 година, односно многу кратко после трагичните историски настани во Драма и во пошироката област на епархиите на Вселенската Патријаршија во Северна Грција. Само ѓаволот не се радува на лекувањето на расколите, зашто самиот ги поттикнува и го посакува нивното векување. Ние сме уверени дека со благодатта на Светиот Бог, нашите стапки ќе бидат наставени на правиот пат заради доброто на Црквата, заклучува Вселенската Патријаршија.