fbpx
Сѐ за политика на едно место!

Црвен метео аларм објавен за утре во Црна Гора – се очекуваат екстремни временски непогоди

Европската мрежа на метеоролошки станици за утре објави црвен метео аларм на подрачјето на јужна и централна Црна Гора, каде се очекуваат екстремни временски непогоди.

Црвениот аларм е објавен поради многу силни ветрови, кои се очекуваат во поголемиот дел на Црна Гора.

Најавеното невреме, дожд и силен ветер пристигнаа во Србија, првично во Војводина, од каде ќе се прошири и во останатите делови од земјата, а од утре се очекува големо намалување на температурите, кои во некои места ќе достигнат дури разлика од 15 степени во однос на претходните денови.

фото: politika.rs