fbpx
Сѐ за политика на едно место!

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Дозволете ми, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, да упатам најискрени честитки до граѓаните со исламска вероисповед, со желба да го поминете празникот во среќа, добро здравје и во хармонија со вашите најблиски.

На крајот на светиот месец Рамазан, по еден месец пост, посакувам сите ваши молитви да бидат слушнати и кај сите верници да преовладаат солидарноста, разбирањето и помагањето на оние на кои им е потребна помош.

Овој празник нека нè потсети дека само со заеднички заложби и меѓусебна почит ќе можеме да ги одржиме живи вредностите што нè обединуваат и ни обезбедуваат меѓучовечко разбирање и поубава иднина.

Почитувани сограѓани,

Оваа година, празникот Рамазан бајрам го чествуваме во период кога не само нашата држава, но, и целиот свет, се соочува со една од најголемите закани за човештвото. Ја користам оваа можност да ви се заблагодарам за вашите досегашни напори и за посветеноста во спроведувањето на мерките за заштита од пандемијата.

Ве повикувам да останеме претпазливи и дисциплинирани и да ги почитуваме препораките во борбата со Ковид-19 за да излеземе на крај со овој генерациски предизвик и да обезбедиме здрав живот за сите нас во иднина.

Празникот Рамазан бајрам нека донесе мир во вашите срца, спокој во душите, радост и слога во домовите.

Честит Рамазан бaјрам,  истакна во честитката Претседател на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.


видео: Кабинет на претседател