fbpx
Сѐ за политика на едно место!

Јанушев: Заев и СДСМ на криминален начин носат закони во Собрание

Продолжуваме со посетите, денес овде во Кочанско ги посетивме населените места Горни и Долни Подлог, сега се наоѓаме во Оризари. Разговараме со луѓето и морам да ја пренесам горчината пред се во однос на последните случувања коишто ги имавме во Собранието на Република Македонија, оваа криминално-рекетарска банда предводена од Заев и СДСМ продолжува со еден крајно криминален, со еден крајно нечесен начин, со насилнички начин на донесување на законите во Собранието, истакна Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

          Но, народот тоа го гледа и им ја праќа пораката дека гледа по своето, доаѓа по своето на 12-ти април, кога ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија ќе издвојува убедлива победа. И тоа не е затоа што ВМРО-ДПМНЕ тоа го порачува, тоа е затоа што граѓаните го гледаат ова, што се случува во државата, граѓаните знаат да го проценат тоа и граѓаните ќе ја дадат довербата на нас.

          Граѓаните ќе ја дадат довербата затоа што во нашата програма ветуваме реални работи, ветуваме зголемување на пензиите за 20 отсто, ветуваме зголемување на платите за 25 проценти, но и намалување на невработеноста под 10 %.

          Во Македонија доаѓа обновата, 12-ти април е денот кога народот доаѓа по своето, истакна Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

фото и видео: ВМРО ДПМНЕ