fbpx
Сѐ за политика на едно место!

Јапонскиот премиер Шинзо Абе поднесе оставка

Јапонскиот премиер Шинзо Абе поднесе оставка, изјавувајќи дека не сака неговите здравствени проблеми да бидат пречка за работата на владата.

Во понеделникот, 65-годишниот Абе заврши во болница и тоа по втор пат во неколку денови. Тој страда од колитис, воспалителна болест на дебелото црево.

Абе поднесе оставка под притисок на јавноста во 2007 година поради бројни скандали и оставки на членовите на неговиот кабинет. Тој беше реизбран во 2012 година и оттогаш е на чело на јапонската влада.

„Донесов одлука да не продолжам со мојата работа како премиер. Сакам искрено да му извинам на јапонскиот народ што ја оставам функцијата една година пред истекот на мандатот и среде пандемијата на коронавирусот“, кажа Абе и се наклони.

Засега е нејасно кој ќе го наследи Абе.