fbpx
Сѐ за политика на едно место!

130 заболени од коронавирусот на крузерот Јокохана

На Јапонскиот брод Јокохана кој од почетокот на овој месец е в карантин поради коронавирусот, бројот на заболени се искачи на 130.  На бродот има тројца македонски државјани.

На крузерот има околу 2.750 патици и 1.100 членови на екипажот и вработени. На патниците им е дозволено на смени да излегуваат на палубите за да земаат свеж воздух и задолжително редовно мора да мерат температура.

Од коронавирусот досега починаа најмалку 908 луѓе.

Инаку Кина се обидува да се совземе од последиците кои ги создаде коронавирусот. Милиони Кинези се враќаат на работа по воведениот карантин, а многумина во договор со работодавачите ќе работат од дома.

Во голем број градови на сила се стриктни упатства за карантин, поради што фирмите бараат од вработените да работат од дома за да се намалат можностите за пренесување на вирусот.

Како што пренесува Си-Ен-ЕН, поради коронавирусот трпат многу компании, не само во Кина, туку и пошироко во светот.

фото: Архива