fbpx
Сѐ за политика на едно место!

360 Степени: Телеграмата на министерот Чулев ја оставила еден час без обезбедување куќата на премиерот Спасовски?

Куќата во Куманово во која живее премиерот на техничката влада, Оливер Спасовски, вчера еден час останала без полицаец во стражарската куќичка, вели извор од полицијата за „360 степени“.

Случајот, според истиот извор, е последица на телеграмата што во петокот министерот Чулев ја испратил до сите организациски единици во МВР, со која ги известува раководителите дека наредбите донесени согласно член 154 од Законот за внатрешни работи, со кои на работниците им се наредува да извршуваат задачи во други организациони единици, престануваат да важат. По аларм од личното обезбедување на Спасовски, проблемот бил решен со вонредна реакција на началникот на СВР Куманово.

Оставањето на објектот во кој живее премиерот без обезбедување не е единствениот проблем што го предизвикала телеграмата на Чулев, вели нашиот извор. Недостаток на луѓе се појавил на граничните премини Долно Блаце и Јажинце на северната граница и во обезбедувањето на амбасадите на Албанија и на Турција, кои засилено се покриваат по настаните Блискиот Исток. Извесен вакуум се појавил и во обезбедувањето на амбасадите на Бугарија, Босна и Херцеговина, Чешка и резиденцијата на амбасадорот на Европската Унија.