(ВИДЕО) Србија доби нов парламентарен состав, револтирани граѓани ги гаѓаа пратениците со јајца

Српското собрание ги потврди мандатите на новите пратеници, кои денеска положија заклетва. Со тоа и официјално почнува со работа парламентот во Србија, кој беше распуштен поради одржувањето на парламентарните избори.

На списокот на коалицијата на Александар Вучиќ – ,,За нашите деца“ има најмногу пратеници, 188, Социјалистичката партија на Србија – Обединета Србија ќе има 32 пратеници, СПАС ќе има 11, додека Унијата на Војводина ќе имаат 9 праници.

Партијата за правда и помирување на Муамер Зукорлиќ ќе има четири пратеници во парламентот, СДА „Санџак“ три места и „Албанска демократска алтернатива – обединета долина“ тројца претеници.

Пред Собранието во Белград имаше немири и инциденти кога пратениците излегоа пред зградата на пауза.

Според медиумите, расчинетиот свештеник Антоније Давидовиќ ги предводи протестите.Во еден момент, тој зеде неколку јајца и почна да гаѓа кон зградата на националното собрание.

Фото: Mondo

Коментари (0)
Коментирај