Мицињата откако му направија цензус за избор на Пендаровски, сега не го признавале?

Откако мицињата од ВМРО ДПМНЕ му направија изборен цензус за избор на Стево Пендаровски за претседател на Македонија, сега се премислиле и не го признавале. Пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ го дочекаа годишното обраќање на шефот на државата Стево Пендаровски во Собранието со транспаренти.

Кога тој го започна говорот, од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ излегоа пред собраниската говорница држејќи транспаренти на кои пишуваше „Идентитетот се продава“, „Заев: Стево е неискусен политичар“, „Не е мој претседател“ и слично.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ потоа ја напуштија салата. Пендаровски го продолжи своето обраќање пред пратениците од владејачкото мнозинство, а на самиот старт оддаде и минута молк за починатите од ковид-19.

Коментари (0)
Коментирај