Мицкоски против афтокефалноста на МПЦ?

Македонската православна црква – Охридска Архиепископија се бори за своето место во православната екумена. За таа цел создадена е стратегија на црковните и државните претставници, кои заедно со меќународна експертиза и помош сакаат таа цел да ја исполнат преку Вселенската Патријаршија на Неговата Светост Вартоломеј. Таа активност беше започната уште за време на Владата на Никола Груевски, кој заедно со претседателот Ѓорѓи Иванов и Трајко Вељановски направија низа средби со НС Вартоломеј и го подготвуваат тој процес. Нивните активности ги продолжи и Владата на Зоран Заев и претседателот Стево Пендаровски. На тоа даде согласност и Република Грција.

Претседателот Иванов и Патријархот Вартоломеј
Трајко Вељановски и НС Вартоломеј

Новиот владика на МПЦ – ОА Григориј во скандалозно интервју соопшти став дека нашата Црква може да ја признае само Вселенски Собор, нешто што не се случило последниве 1600 години во православниот свет, со што застана на страната на Руската црква која е против признавање на МПЦ – ОА. На тоа реагираше и Светиот синод на МПЦ – ОА со осуда на ставот на владиката Григориј, што и самиот го прифати и се повлече од искажаното во неговото интервју!

Григориј со скандалозно интервју

Неговото духовно чедо Христијан Мицкоски, кој е целосно неписмен по тоа прашање, преку својата официјална фан страна му даде поддршка на Григориј, со што застана против интересите на МПЦ – ОА, против ВМРО ДПМНЕ – Груевски, Иванов и Вељановски и против политиките на САД, а во интерес на Русија.

Филип Рикер САД и НС Вартоломеј

Христијан Мицковски нема правец на делување. На секој чекор ги руши македонските национални интереси. Дали тоа го прави намерно во координација со руските служби или од незнаење, останува да го истражуваме и соопштиме наредниов период.

Мицкоски против МПЦ

Коментари (0)
Коментирај