Светка банка со признание за Коце Трајановски

Поранешниот градоначалник на Град Скопје Коце Трајановски, доби признание од Светска банка.

-Денеска сум посебно радосен. Проектите кои ги направив, додека бев градоначалник, за паметен град (smart city) Светската банка ги рангираше меѓу 3-те најдобри проекти во Европа и Централна Азија. Тоа се проекти во кои се применуваат нови технологии базирани на интернет со што се автоматизира и подобрува менаџирањето на сообраќајот во градот Скопје. Според светската банка со примената на овие нови технологии сообраќајната гужва се намалила за 20%. За потсетување во 2016 година од страна на ЕУ бевме второ рангирани за подобрување т.е напредокот на мобилноста во градот Скопје.

Делови од Ѓорче без вода

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, на ден 04.04.2021 година, без електрична енергија ќе останат следните корисници:

• од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од дел на ул. Пежљане подулици 1 и 5 броевите од 10 до 30, објектите во близина на Воениот отпад, како и ул. Лука Геров броевите од 60 до 90 и објектите околу Воениот отпад. (општина Ѓорче Петров);

• од 09:00 до 14:00 часот, корисниците на дел од село Варвара. (општина Сопиште).

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *