Албански етнички шовинизам, лажни основи – Дел втори
Овој фељтон е статија со популарено – научен и општествено – политички карактер, напишана живо и реалистично од Петар Богојески, национален лидер на политичка партија Македонски Концепт️.
Сите етнички шовинизми имаат за цел да сокријат радикални територијални или национални агенди, а обично служат за покритие на криминални активности. Токму таков е албанскиот етнички шовинизам, со сокриена територијална и национална агенда, финансирана од нарко картели и трговија со човечки органи и бело робје.
Целта на овие статии е токму таква, да ги заштити нормалните и европски определени Албанци од тие шовинистички агенди, кои се опасни пред се за нив, а потоа и за цел регион. Никој не сака омраза и понижувања, туку меѓусебно уважување и почитување.
Продолжуваме од прв дел…
Албанската шовинистичка пропаганда, засилена последнава деценија, особено во Македонија, користи квази историски тези, без никаква научна основа дека областа Пенестија (Полог – западна Македонија) која била дел од поголемата област Дасаретија, била илирска, а не македонска, со цел да ги оправдаат нивните територијални амбиции врз историски македонски територии.
Тие одат до степен да се претстават за некакво автохтоно население на таа земја, која замислете им ја окупирале и земале Македонците, а денес Албанците имале света мисија да ја ослободат од македонска окупација. Краен неприфатлив етнички шовинизам и фашизам, со повик за ликвидација на народ!
Што кажува науката? Што кажуваат оргиналните, антички извори, кои сведочат за тоа време?
Плиниј (Plin., IV, 3.) запишал дека Дасаретите се протегале над (supra) Епир до дивите (mox) Дарданци. Страбон Дасаретите ги надоврзува на Ардиеите и на Дарданците – дако мизиско, а не илирско племе, (Strab., VII, 7, 5, 12 (C 318) Според F. Papazoglu, Рelemena, str. 221, n. 47 ова споменување до Ардиеите изненадува).
Но тоа е во согласност со податокот на Плиниј (Plin., IV, 3), а пак кога пишува за македонско – илирската граница, Дасаретите повторно ги сместува до Дарданците и Аутариатите.
Оваа реченица очигледно е искривена, и наместо Аутаријати треба да се се чита Ардиеи, чија прапостојбина, пред ширењето на запад, била денешна Црна Гора, јужно од пл. Проклетија. (Strab., VII, 7, 5, 2 (C 316).
Оваа нејасна односно искривена реченица (F. Papazoglu, оp. cit., str., 77, 274, заб. 263, Proeva „За дасаретските племиња (Penestae, Dassaretae, Engeleanes,“ Жива Антика, LXIV, 2014, стр. 165 –180) ја поврзува и споредува со другото место кај Страбон како и со она кај Плиниј и заклучува дека името Аутаријати треба да се поправи во Ардиеи, со што реченицата станува јасна, а проблемот за локализирање на Дасаретите и за нивната северна граница исчезнува.
Зошто го пишувам ова? Целта е точно да се одреди македонско – илирската граница, а со тоа и да се покаже дека лажната шовинистичка пропаганда е намерно создадена за да се оправдаат фашистичките амбиции за освојување и етничко чистење на македонски територии.
Светската наука е потврдена дека по двете римско–илирски војни само Ардиеите, кои од III век ст.е. ја воделе илирската држава, ја зачувале самостојноста, додека областите јужно од Lissos биле под римски протекторат.
Меѓу наброените моќни племиња кои во меѓусебните борби ослабнале, а некои сосема исчезнале, Страбон ги вбројува и Ардиеите (кои војувале со Аутаријатите за солените извори), а потоа биле притиснати од Македонците и Римјаните (Ps. Arist., de ausc. Mir. 138.) што повторно покажува дека Ардиеите биле соседи на Македонците, а во овој дел, тоа се македонските дасаретски племиња. (Strab., VII, 5, 6 (с 315): ‘‘… hysteron d’ypo Makedonon kai Romaion ekpolemoumenoi.”)
Тоа значи дека за време на антиката (хеленски и римски период) денешна западна Македонија и делови од источна Албанија, биле составен дел од држава Македонија и покасно провинција Македонија и населени со антички македонски, а не илирски племиња.
Ова не го тврдам јас или денешните историчари, туку тоа го запишале античките автори, кои со свои очи виделе и биле дел од експедиции на тие територии во тоа време. (За етничката припрадност на овие племиња в. Н. Проева, Студии, стр. 115 – 133 глава V: Енгелани и Дасарети.)
Овие важни податоци за определување на границите на Дасаретида намерно се сокриваат од албанската шовинистичка пропаганда.
Од нив јасно произлегува дека областа Дасаретида од југ према север ги опфаќала трите денешни географски целини: Охридско–струшкиот басен, при што 22 села денес припаѓаат на Р. Албанија, кичевската котлина што се протега на исток од планината Бистра, а на северозапад Полошката котлина што на југ е одделена од Кичевската со планината Буковик.
Со оглед на географските одлики на овие области, јужниот езерски дел со право може да се нарече долна Дасаретија, а пак северниот Горна, соодветно на востановениот постапка во античко време. Впрочем и за областа Полог до ден денес се користат ознаките Горен и Долен Полог.
Токму овие области биле античка македонска област Дасаретија, (Во нашата литература е прифатен обликот Дасаретија, иако поправилно е Дасаретида (Dasaretis), како Орестида (Orestis) во Горна Македонија.)
Тогашните дасаретските градови, што Скердилаида ги зазел со закани или ветувувања, во изворите прв пат се споменуваат во 217-та год. п.н.е. кога македонскиот крал Филип V ги ослободил градовите Антипатреја, Хрисондион и Гертунт. (Polyb., V, 108, 8:.‘‘ освен градовите што ги спомнав, Филип ги ослободи Креониј и Герунт во Дасаретија, кај Лихнидското езеро – Енгеланите, Керак, Статион, Бојој (Βοιός), а во земјата на Калојкините – Бантија и уште Оргес во [во земјата] на така наречените Писантини.‘‘)
Во таа воена кампања за ослободување на македонските територии секако била опфатена и околина на Лихнидското езеро, каде живееле Енгеланите, како и неколку места што ги нема во другите извори. (Eggelanes, Енгелани е македонска форма на името запишана од Мнасеа во III век п.н.е., а Енхелејци е јонска графија што преовладува кај хеленските автори).
Енгелани е име на племе, а не на град како што се мислеше порано, и како што некои мислат сеуште. (N. G. L. Hammond, A history of Macedonia I, Oxford, 1972, p. 94; R. Katičić, Enhelejci, GodCBI, XV/13, Sarajevo, 1977, стр. 54.).
Како доказ дека овој фељтон нема намера да мотивира македонска шовинистичка пропаганда, е фактот што ги демантира тврдењата на охридскиот археолог Паско Кузман, кој упорно ја застапува теоријата за град Engelana (в. П. Кузман и Е. Димитрова, Ohrid, sub specie aeternitatis, Скопје, 2010, стр. 51, 84), веројатно од патриотски побуди, што немаат никаква врска со науката, за жал прифатено од најголемиот број археолози во Р. Македoнија меѓу другото и поради незнаењето на класични јазици.
Но ние не можеме да бегаме од докажани исторски извори и факти и да им служиме на современи политички и етничко шовинистички пропаганди. Мили ми се соништата, но помила ми е вистината.
Да продолжиме со фактите дека дејноста на Филип V се случувала во Дасаретида, и дека Полибиј е современик на овие настани не е можна грешка, така што е јасно дека Енгеланите биле едно од дасаретските племиња.
Ова може да се поткрепи со податокот на Страбон (Strab., VII, 7.8.) дека Енгеланите се нарекувале и Дасарети (Во ракописот пишува Sessaretes, но речиси општо е прифатено дека станува збор за коруптела поправена во Dessaretes.), и ги става во заднината на Кераунските планини, граница со хаонските племиња.
Тие се разликувале до тој степен, да цивилизираните и образовани македонски племиња Енгелани, никако не можело да се споредат со дивите и нецивилизирани илирски племиња кои повремено напаѓале од зад планините со цел да ограбуваат и се повлекувале повторно во дивите предели на денешна централна Албанија.
Ако се потсетиме на податокот од Хекатај (крај на VI век п.н.е.) кој Енгеланите (Енхелејци) ги сместува во близина на хаонското племе Дексари, (Hec., FHG 73; FGrH, 103) би можело да се прифати мислењето на оние научници што ги поистоветуваат Дексарите со Дасаретите, дотолку повеќе што Дексарите ги нема во ниту еден друг извор. (N. G. L. Hammond, op. cit. p. 94. R. Katičić, оp. сit., 55.)
За некои српски автори, кои се обидуваат да ја глорифицираат улогата на Илирите на македонски територии, пречка им било тоа што Дексарите се означени како хаонско племе, а не илирско. (Op. cit. p. 8.) Некои се на мислење е дека станува збор за грешка кај Хекатај затоа што долината на реката Осум на југ се врзува со Хаонија ( Id., p. 55.) и многу е веројатно дека Deksari e искривен облик за Десарети – и во овој случај ова би било најрано споменување на Дасаретите во изворите.
Но јасна е српската пропаганда, која не може да се земе како веродостојна и која ги глорифицира Илирите и истата служи како база за создавање на современата албанска шовинистичка пропаганда.
Страбон пишува дека Дарданците на југ се надоврзувале на македонски и пајонски племиња. (Strab., VII, 5, 7. (316)) Од ова јасно произлегува дека Дарданците граничеле со Дасаретите односно Пенестите, кои биле македонски племиња и во целост ја демантира српската пропаганда, на која денес се надоврзува албанската.
Интересно е како српската и албанската шовинистички пропаганди заедно се помагаат и надополнуваат, на штета на историската вистина за Македонија.
Овој податок досега не бил искористен во дискусијата за етничката припадност на Дасаретите (и Енгелание) заради предубедувањата кои ги наметна „српската школа“ дека тие биле илирски племиња и дека живеле многу појужно. Тоа што Дасаретите кај Т. Ливиј не се наброени меѓу племињата на IV-та македонска мерида не е никаков доказ за нивното илирско потекло бидејќи Т. Ливиј не ги набројува сите племиња, туку само најважните.
Од друга страна пак кога Т. Ливиј ги опишува римските воени потфати во 172–та год. п.н.е., истовремено ги споменува Дасаретите и Илирите како одвоени народи, што е крунски доказ за неилирската припадност на македонските племиња. (T. Liv., XLVII, 36, 89.)
И Помпониј Мела на една страна ги набројува Енгеланите и Дасаретите, а на друга Illyrii proprie dicti. Инаку Римјаните се тие кои што името Илири ќе го „разнесат“ најдалеку на север преку вклучување на сите племиња од р. Војуша на југ сè до Дунав и Истра на север во провинцијата Илирик, наречена според името на првото племе со кое се судриле на јужниот Јадран. (P. Mela, 2, 54–6, ова е последно споменување на Енгеланите во наративните извори –I век н.е.)
Токму тие, кој со свои очи и физичко присуство биле во регионите на западна Македонија, јасно ги извојуваат македонските од илирските племиња, кои ги освојувале и победувале. Прецизно запишувале секое едно племе и град / место кое го заземале.
Но кога Римјаните подобро ќе ја осознааат етничката т.е. племенската разнообразност во провинцијата Илирик наречена според името на првото племе што го покориле во најјужниот дел од јадранскиот брег, римските автори Плиниј, односно Варон – II вek п.н.е. ќе го воведат терминот proprie dicti, што означува вистински т.с. правонаречени Илири.
Тое е всушност име за илирските племиња на југот од провинцијата Илирик, додека оние на север (од денешна Босна или Хрватска) биле наречени според нив и не значи дека родово биле еднакви.
Продолжува…