Сѐ за политика на едно место!

Да го негуваме историско – културното наследство, тоа е нашата слика пред целиот свет

Охрид е град ризница во која се испреплетуваат безброј личности, настани кои одиграле значајни историска ролја во одреден временски период. И затоа Охрид можете да го сретнете низ пишаните документи и сведоштва со различни епитети од Балкански Ерусалим, Словенски Ерусалим до град ризница на Балканот и сл.

Но она што е најзначајно е дека Охрид ја претставува нашата земја во помал карактер согледувано од историско културно значение. И тоа е така бидејќи градот Охрид како да претставува трезор на нашето богатство. Токму тука е желбата на големите светски државници да го посетат овој град и неговите особености.

Една од најзначајните посети во градот Охрид секако дека преставува посетата на државниот секретар на САД г-динот Мајк Помпео со неговиот тим во која беа помошникот државен секретар, Филип Рикер, амбасадорката на САД во Северна Македонија, Кејт Мари Брнз и советниците Мери Кисел и Рики Вадел.

Оваа значајна посета во себе покрај огромен број политички пораки содржи и големи пораки во однос на зачувувањето и негувањето на културата и историјата на нашата земја, а особено она што се наоѓа во градот Охрид. Имено мора да се потенцира дека, црквата „Света Богородица Перивлепта“, неодамна беше реновирана и заштитена со средства обезбедени преку програмите на УСАИД и посебниот амбасадорски фонд за заштита на цивилизациските артефакти на културно и историското наследство, од кој беа издвоени 650 илјади долари.

Оваа посета на државниот секретар Помпео и на американската делегација, ја потврдува нивната иницијатива и поддршка, со која досега се обновени и реставрирани Националната галерија на Северна Македонија, Шарената џамија во Тетово, Златковата кула во Кратово, мозаикот во археолошкиот локалитет Стоби, како и манастирот „Света Богородица Елеуса“, во Вељуса, струмичко и други. Имено треба да се сфати дека идентитетот не е само политичка категорија. Тука пред се е културниот идентитет а САД преку вакви проекти дирекно го поддржуват македонскиот идентитет. Токму посетата на државниот секретар на САД г-динот Помпео е покажување на почит кон нашата традиција, историја и култура. Дури и во неговите пораки „да внимаваме од лажни пријателства“ јасно г-динот Помпео укажува од словенскиот Ерусалим дека интеграцијата во НАТО не е само политика туку и идеолошка промена и дека кон заштитата на на словенските светилишта во нашата држава не треба да се базираме само на лажни ветувања од „словенските браќа“ туку на конкретни чекори какви што прави САД.

Токму ова го потенцира и Македонскиот концепт дека во САД треба да се согледува нашиот стратешки партнер не само во доменот на политиката туку и во културата. Македонскиот концепт нуди можности и човечки ресурси преку кој токму желбата на САД за помош на нашата мала земја да биде голема особено во доменот на културата. Тоа е нашиот стратешки пат по кој треба да се движиме и да ја зачуваме нашата насока која мора да биде поддржана од најголемата светска сила САД.