Сѐ за политика на едно место!

Грижа за историското и културно наследство во фокусот на Македонски концепт

Стремежот за влез во ЕУ е јасна движечка траса на нашата земја. Но сепак постојат сегменти кои и тоа како треба да се воспостават со што би биле дел од еднаквите. Во таа конотација неизоставен дел преставува и политиката во областа на културата.

Под поимот европска култура треба да се подразбира прикажувањето на заедничките точки во таа европска култура со потенцирање кон тоа дека нема бришење на културните, националните и регионалните разлики. Покрај тоа што оваа теза е најважна во целите на европската политика, таа е доста прилагодлива или во полза на нас самите имајќи во предвид дека нашата држава е мала земја, но во споредба со другите области на политиките на Европска Унија сепак културата е област во која сме меѓу примарните. Иако културата како поим е доста широк и експлицитен сепак во сите тие под области на културата мора да изнајдеме начин да ги истакнеме нашите приоритети. Тоа произлегува од мислата дека заедничката политика за култура преставува еден вид опасност и негативно ќе се одрази врз поединечноста на националните култури. Но тука мора да се знае дека со влегувањето на договорот од Маастрихт во 1993 година ја изразија својата волја процесот на европската интеграција да се крене до нов степен. Тука, политиката за култура го најде своето место преку самостоен член на културата. Член 128 од ДЕЗ – со Договорот од Амстердам од 1999 година стана член 151 и ја создаде правната основа за програмите, активностите и иницијативите на ЕУ кои беа насочени кон поттикнување на културните активности во Заедницата.
Од тој аспект градењето на „македонскиот концепт“ значи токму унапредување но и објаснување меѓу другите сегменти и во областа на културата или во доменот на заштитата на културното наследство и презентација на проекти кои пред се ќе бидат приемчливи во ЕУ и како такви ќе можеме да црпиме ресурси се со цел нивна реализација.

Искористувањето на европските фондови мора да биде главна потпора преку која ќе може да се заштитува и понатаму развива дејноста од доменот на заштитата на културното наследство.

Сепак постои и друг сегмент под кои е актуелна нашата земја во меѓународната организација УНЕСКО и тоа со самиот начин за можност за загрозување на нашиот статус во оваа организација. Загрозувањето на статусот во Унеско на Охридскиот Регион допринесе да се разгледуваат работните верзии на планот за управување со природното и културното наследство и стратешката оценка на животната средина, два клучни процеса за долгорочна заштита на светското наследство. Во таа страна на надворешните експерти, кои ја изработуваат стратешката оценка на животната средина, беше порачано целите на планот да бидат фокусирани кон контролирана урбанизација, зајакнување на управувачките капацитети на надлежните институции, заштита на природното и културното наследство, подигање на свеста и едукација, како и зголемена еколошка функционалност на крајбрежјето. Македонскиот концепт се залага токму за тезата дека вакви приоритетни задачи и дејанија мора да се издигнат над партиските цели и било која друга разделна димензија бидејќи националните интереси како што е да се зачува статусот во Унеско се надполитички. Македонскиот концепт во своето делување предвидува и реализиција на проекти од доменот на културата, историја, заштитата на културно наследство.

Токму во таков процес неопходен е проект за дигитализација на целокупното културно-историско богаство на ниво на држава. Од дигитализација на културно пишано богаство кое веќе започнува со реализација-процес кој благодарение и на моменталното раководство на ДАРСМ е започнат, но свој удел секако треба да завземат и Министерство за информатичко општество и администрација па се до Министерство за финансии во соработка со странски амбасади во Република Северна Македонија па се до дигитална мапа или карта на севкупните историски споменици во нашата земја. Од тој аспект покрај зачувување и презентација би се согледал и креирал регистар на културното богатство во нашата земја. Нешто што и тоа како ни е потребно. Затоа јасните планови треба да се раздвижуваат, бидејќи компромис во однос на зачувување на културното пишано и материјално богатство нема и не смее да има, не смее да има компромис за зачувување на статусот во Унеско и сл. Тоа е јасен став на „македонскиот концепт“ но претпоставувам и на секоја политичка партија.
Токму издигнувањето на културата во степен на надпартиска димензија значи и зајакнување на нас самите.