fbpx
Сѐ за политика на едно место!

Јанева: Одам со крената глава и можам секого да погледнам во очи

Одам со крената глава и можам секого да го погледнам во очи, ова беа зборовите на ексшефицата на СЈО Катица Јанева, која пред судот неколку минути го читаше подготвеното.

Јанева рече дека Вилма Русковска и’ инструирала обвинение и првенствено говореше за работата на СЈО.

„Горда сум на формирањето на СЈО, на тимот што го предводев четири години, на сите обвинители, истражители… Ја имав честа да формирам тим на обвинители и истражители“, рече Јанева.

„Секојпат сум била општествено одговорна“, кажа обвинителката и им порача на двете судијки и поротничките да судат без предрасуди и да не се плашат од „тресењето гаќи“ на Русковска.

Ексшефицата на СЈО рече дека со прифаќањето на работата во СЈО, се изложила себеси и семејството на голем ризик, но не жали за тоа.

Денеска почнa судењето за случајот „Рекет“, a Бојан Јовановски – Боки 13, ексшефицата на СЈО Катица Јанева и Зоран Милески – Кичеец седнаа на обвинителна клупа во скопскиот кривичен суд.

Агендата за судскиот процес е набиена и веќе се закажани четириесетина рочишта во наредните три месеци.