fbpx
Сѐ за политика на едно место!

Kопретседателот на Атлантскиот совет на Бугарија, Дојчев: РС Македонија во НАТО – за Бугарија, тоа создава дополнителни врски со нашите братучеди од Скопје

Доц. Д-р Момчил Доjчев, копретседател на Атлантскиот совет на Бугарија. Неговиот коментар е направен специјално за БГН

Присоединувањето на Република Северна Македонија во НАТО е едно големо достигнување за неа. Несомнено, тоа ја зајакнува нејзината безбедност и независност. Со овој акт, нејзината евроатлантска интеграција ја преживеа првата етапа од нејзиното осуштествување. За НАТО, проширувањето има важно геополитичко значење, доколку оваа врска, која го претставува регионот на Западен Балкан, не е повеќе бело петно и делумно се пополнува.

За Бугарија, тоа создава дополнителни врски со нашите братучеди од Скопје. Од гледна точка на евроатлантското единство, насоченоста на бугарската политика би требало да се насочи кон осуштествување на европско членство како на Македонија, така и на Албанија. На тој начин ќе се осуштестви и врската, по која минува Коридор 8 од Црно до Јадранско Море, од Варна и Бургас преку Пловдив, Софија, Скопје, Тирана и Драч. Овој коридор е исклучително важен во геополитички план, како за НАТО, така и за Бугарија. Тој ќе ги зајакне нашите врски со Северна Македонија и Албанија.

Атлантскиот совет на Бугарија смета дека е важно да се создаде брза железничка пруга што поминува од Бургас и преку Пловдив и Благоевград да стигне до централниот дел на Македонија до Велес и од таму до Скопје и Албанија. Тој проект е започнат од Царство Бугарија во 1942-43 година, кога практично се одбележани коридорите за кои зборувам. Софија треба да приложува еден флексибилен и разумен пристап во нејзините односи со РС Македонија за проширување на нашите односи, постепено, но стабилно. Треба да ги направиме нашите односи слични на оние што ги има Романија со Молдавија и Грција со Кипар, затоа што за нас тоа има културно и сентиментално значење.

Задолжително треба да го надминеме патриотарскиот пристап, кој ги разгледува нашите односи само во историски план. Треба да го надминеме тоа и да ја оставиме историјата на историчарите и да преминеме кон нов вид на односи, кои се базираат на нашите заеднички интереси. Интеграцијата на РС Македонија и Албанија во ЕУ треба да стане со поактивно содејство на Бугарија со изградбата на транспортните, културните, политичките и економските врски.

Добрата вест за пристапувањето на РС Македонија како 30 членка на НАТО би следело веќе да се исполни со конкретни политички иницијативи. Во сферата на образованието, на пример, ние од Нов Бугарски универзитет имаме идеја да отвориме клон во Скопје. Има исклучително многу можности, кои членството на Македонија во НАТО ги предоставува на Бугарија, вклучително и со проширување на нашите хоризонти кон Јадранот, каде ќе поминат важни енергетски проекти, од кои ние не треба да бидеме изолирани.

фото: YouTube