fbpx
Сѐ за политика на едно место!

Како понатаму и зошто го нудиме „Македонскиот концепт“

Поголем период во македонското општество и во целокупната јавност се чувствува апатијата и депресијата, кои завземаат се поголеми размери.
Поради политичката ситуација и генерално внатрешните состојби во државата скоро на сите општествени полиња ги тера граѓаните да бидат „умртвени“ без причина и надеж за напредок и просперитет како личен, така и колективен.
Доколку нема суштински промени во самиот систем како и доколку нема нова понуда која конечно по скоро три децении сивило на општествената сцена ќе понуди нов концепт и нова додадена вредност ризикуваме многу, а иднината сигурно не е блескава ако анализираме од таа појдовна точка.
Иднината на нашата држава мора да биде комбинација од одржливи меѓуетнички односи, економски просперитет и интеграција во ЕУ и НАТО.
Затоа повеќе од јасна и непоходна е потребата да се појави македонскиот концепт бидејки само македонскиот концепт ги апсорбира сите концепти и тези зошто сите сме македонци во политичка и државна смисла на зборот, но истовремено сите сме си во етничка смисла на зборот Македонци, Албанци, Власи, Турци, Роми, Срби, Бошњаци и други.
Кога го имаме врзувачкиот елемент на идентитетот на политичкиот Македонец нашата држава може да биде само пообединета и сплотена.

Лојалноста и чуството на припадност преку македонскиот концепт е изразена до степен на државен патриотизам кој ќе резултира само со можност за просперитет на целата дражава и сите граѓани кои живеат во неа.
Сите непотребни дебати за етничка застапеност но и акциите на позитивна дискриминација ќе се намалат до степен на минимум па затоа конечно ќе имаме воспоставен мерит систем и ќе се ценат образованието, квалитетите, компетенциите и вештините на одредена личност а не етничката припадност.
Како дел од правосудниот систем воопшто не ми пречи да во иднина на позицијата Државен Јавен обвинител, биде етнички Турчин, но политички Македонец кој има изразита лојалност и чувство на припадност на државата Македонија и секако ги исполнува законските услови да биде на предметната позиција но и да има исклучителен авторитет и професонализам.
И сега има одлични судии, обвинители кои не се етнички Македонци но се исклучителни професионалци, па зошто наместо да ја градиме заеднички нашата татковина Македонија преку македонскиот концепт ние преку квоти за етничка застапеност, па преку секаков вид на „балансери“ и најразновидни годишни програми со планирање за работни места за кои можат да конкурираат само припадници на одредена етничка заедница вдомуваме неквалитетен кадар кој прави потоа проблем во ефикасното функционирање на државата но и во давањето на услуги на граѓаните кои одредената институција ги обезбедува.

Исто така наместо да си играме инспектори како што пред некој ден вицепремиерот Османи си играше инспектор барајки која институција нема двојазична табла ги насочиме трудот и работата кон формирање на идентитетот на политичкиот Македонец кој ќе има право да го употребува и користи својот јазик како етнички симбол, но во службената употреба ќе го користи македонскиот јазик и доколку има избор ќе може да воспоставува и комуникација на неговиот етнички јазик, но не со сила и под закана на санкција туку по свое прагматично и практично разудување за ползување на неговите права.

Еве еден банален пример кој со прифаќањето и етаблирањето на македонкиот концепт ќе биде минато.
Во годишните програми за вработување во мултиетнички општини има за секој оглас и барано работно место ставка која опишува од која етничка припадност треба да биде лицето кое се пријавува на предметниот оглас и доколку конкуира за тоа работно место.

Да земеме за пример дека се бараат 10 пожарникари во општина Бутел например.
И тоа од 10 лица кои се бараат за работно место пожарникари 6 треба да се од македонска етничка припадност 3 од албанска а 1 од ромска. На огласот се јавиле 15 лица од кои има 9 Македонци и 6 Албанци.
Апсурдот се состои во тоа што јасно е дека нема пријавено лице од ромска етничка припадност, но иако има доволен број пријавени лица за работното место истите се од македонска и албанска етничка припадност, па затоа за конкретното барано специфицирано работно место од јавниот оглас кој се однесува за 1 вршител на дејност пожарникар ромска етнича припадност внимавајте НЕМА ДА СЕ ИЗВРШИ ИЗБОР од понудените кандидати и тоа место ќе остане непотполето.

Е сега проблемот е кога ќе се запали Скопска Црна Гора па ќе нема доволен број на пожарникари да го гасат пожарот зашто ние имаме балансер за етничка припадност и правична застапеност кој ни создава апсурдни ситуации и проблеми во реалноста и затоа сите губиме како општество.

Друг пример е кога дискретционо законско право има Директорот на ЈУ Здраствен дом Липково кој во изборот по јавен оглас за работно место доктор може да избира од соодветните кандидати за доктори но ако има кандидати со исти резултати тој ќе го одбере поради етничка солидарност својот сонародник а не реално по соодветниот и постручниот кадар.

Во вода ќе паднат и партиските дилови за Министер во ресорно министерство еве да речеме за внатрешни работи етнички Македонец, па по автоматизам мора заменикот да биде етнички Албанец или обратно, неважно…

Сите табуа, непотребни прописи, несуштински дебати и неаргументирани дури и стравично беспотребни позиции би се надминале доколку се воспостави македонскиот концепт, затоа што голем дела од трудот и напорот би се насочил во продуктивни цели како внатрешно реформирање на правосудниот сиситем, насочување на економијата кон раст и просперитет, реформа во образованиот сиситем и опоравување на здраствениот систем, а не како досега кон се само не кон суштинското.

Со македонскиот концепт доколку личноста е професионалец и соодветен кадар без разлика на етничката припадност истиот ќе може да извршува високи државнички функции без да има непотребни дискусии во јавноста дали може етнички Албанец да биде Министер за одбрана и дали тоа е антидржавен потег и слично.

Сите сме најпрво во државниот идентитет и во политичката смисла на зборот Македонци, а потоа се друго.
Само на овој начин и преку македонскиот концепт може да ги зацврстиме темелите на државноста и конечно заедно сите да застанеме под знамето и химната на Македонија.