fbpx
Сѐ за политика на едно место!

Мицкоски не доби средба со американскиот државен секретар Помпео

Државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Мајкл Помпео, во рамките на својата еднодневна официјална посета на земјата се сретна со политичкиот врв. Тој успеа, и покрај својата агенда, меѓу другите да оствари средба со Премиерот Зоран Заев, Претседателот Стево Пендаровски, заменик претседателката во Владата и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, заменик претседателот во Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

Сепак, и покрај добро утврдена пракса на другите државни секретари да остваруваат средба со претставници на власта и опозицијата, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски беше одбиен, дознаваме од дипломатски извори.

Посетата на државниот секретар во земјата е од особена важност, имајќи го предвид фактот дека се очекува приемот на Македонија во НАТО, како и можноста за унапредување на економските односи и привлекувањето на американски инвестиции. По Колин Пауел, кој беше прв државен секретар што ја посети земјата во 2001 година, Помпео сега доаѓа со надеж за продлабочување на односите со државите на Балканот, и нуди стабилност во зацврстување на врската меѓу САД и регионот. Посетата на Колин Пауел беше во момент кога Македонија беше во една особена кризна ситуација, и со неговото доаѓање тој даде јасна порака дека САД ќе пружат помош и се стратегишки партнер на државата. За време на посетата Пауел се сретна со голем број политички претставници од власта и опозицијата, со цел смирување на тензиите настанати од политичката криза.

Отворено се поставува прашањето зошто опозицискиот лидер не успеа во намерата да оствари средба со државниот секретар на САД. Иако постои заложба од опозициската партија за влез во НАТО, сепак беше многу важно ова да се покаже и пред јавноста при остварување на ваква средба, која за жал не се случи.