Претседателот на Србија Александар Вучиќ ги критикуваше претставниците на опозицијата и кажа дека „тие секоја трагедија ја злоупотребуваат во политички цели“.
Тој во гостување на една српска телевизија кажа дека групите за притисок станале нервозни бидејќи не успеале да ја дестабилизираат Србија.
Тој го обвини сопственикот на телекомуникациската компанија Јунајтед група Драган Шолак дека сака да ја преземе власта.
„Сите негови слуги од политичката опозиција мора да ги исполнуваат неговите највалкани барања за уривање на државата. Во тоа не успеаја и нема да успеат ни во иднина“, порача Вучиќ.
![]()

