„Европо, чуј нè!“ – Студентите од Србија со велосипеди стигнаа до Штутгарт, еве како беа пречекани (Видео)

По 13 дена возење велосипеди низ десет градови и шест европски држави, група студенти од Србија вчера на 13 април 2025 пристигна во Штутгарт. Нивната порака беше јасна: „Европо, чуј не и нас!“

Патувањето е симболична борба за слобода на говор, подобро образование и социјална правда. На пристигнувањето во Штутгарт, студентите беа пречекани со аплаузи, солзи и транспаренти од поддржувачи, активисти и од дијаспората.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cvrčak BG (@cvrcakbg)

Маршрутата ги водеше низ градови Суботица, Будимпешта, Братислава, Виена и Минхен, а на секој чекор добиваа поддршка – вода, храна и пораки на охрабрување. Во Нови Сад беше организирана хуманитарна акција со која беа собрани над 30.000 евра за патувањето на студентите.

Loading