Силно невреме со пороен дожд, силен ветер и град направи штети во делови на Сплит, јавуваат хрватските медиуми. Невремето траело кратко, но предизвикало голема материјална штета и сообраќаен колапс. Градоначалникот на Сплит, Томислав Шута, изјави дека градот бил погоден од елементарна непогода и им се заблагодари на службите и граѓаните кои веднаш се вклучиле во помош.
Во болницата КБЦ Сплит се прегледани 24 пациенти со полесни повреди како што се скршеници, исчашувања и гребаници. Во пристаништето на Сплит пак, пукна јажето на еден траект, што предизвика судир со туристички брод.
Во Босна и Херцеговина, особено во делови од Босанска Краина, невремето беше проследено со силен ветер и град со големина на орев, кој предизвика оштетувања на покриви, прозорци, возила и земјоделски култури. И планината Јабланица ја погоди силно невреме со град со огромни замрзнати топчиња.
На северот на Босна се очекуваат поинтензивни врнежи со силни ветрови и град.
Студениот бран продолжува да се движи кон југ, па се очекува утре и задутре да ја погоди и Македонија.
![]()

