НАСТАН КОЈ СИНОЌА ЈА ШОКИРАШЕ СРБИЈА: Возач проби блокада и „собра“ момче на хауба (Видео)

Во српски Шабац синоќа се случи драматичен инцидент кога возач со автомобил проби блокада кај гимназијата, носејќи момче на хаубата пред очите на десетици сведоци. Настанот предизвика шок и револт меѓу присутните граѓани, а снимка од инцидентот веднаш се прошири на социјалните мрежи.

Според информациите објавени на официјалната Фејсбук страница „Шабачке вести“, возачот намерно влетал во блокадата, во момент кога момче се обидело да го запре возилото. Момчето завршило на хаубата додека возилото продолжило да се движи, што довело до сериозна загрозеност на неговиот живот.

„Возачот на автомобилот го носеше човекот на хауба, директно му го загрозуваше животот пред очите на бројни сведоци,“ стои во објавата.

Според досега достапните информации, возачот бил веднаш приведен, а повреденото момче е префрлено во болница. Засега нема официјални податоци за тежината на неговите повреди.

Инцидентот се случи во контекст на локални собири и блокади, но мотивите на возачот сè уште не се целосно познати. Случајот ја шокираше јавноста, а граѓаните бараат брза и строга реакција од надлежните институции.

Loading