Новак Ѓоковиќ, симболот на српскиот спорт и еден од најпознатите амбасадори на Србија во светот, се најде на удар поради поддршката на студентските протести против режимот.
Претседателот Александар Вучиќ, според српските медиуми, започнал индиректна офанзива против семејството Ѓоковиќ.
Милионерот Бранко Бабиќ, близок до актуелна власт и пријател на Вучиќ, објави шокантно и вознемирувачко видео запис со алузии на педофилија, спомнувајќи го таткото на Новак, Срѓан, и мајката Дијана. Видеото предизвика бурни реакции на социјалните мрежи и осуда од јавноста.
Najstrašniji video! Ðokovići će se uskoro oglasiti… Nadam se 😡 pic.twitter.com/BrSjgGFuIE
— Pripadnik sedme sile (@lovacnaduse) July 13, 2025
Мнозинството веруваат дека Бабиќ делува по налог на власта, а многумина предупредуваат дека оваа кампања може да му се врати како бумеранг. Се очекува реакција од семејството Ѓоковиќ.
![]()

