Ужас во телевизиска емисија во живо: Српски министер доби мозочен удар (Видео)

На српскиот министер за јавни инвестиции, Дарко Глишиќ, инаку кум на Вучиќ, му се влошила здравствената состојба за време на утринско гостување во живо на една од српските телевизии.

Како што може да се види на снимките кои се шират на социјалните мрежи, тој почнал да зборува неразбирливо и не бил во состојба да состави реченици, по што програмата била веднаш прекината.

Според српските медиуми, се сомнева дека Глишиќ доживеал мозочен удар и се наоѓа во тешка здравствена состојба. Итно бил пренесен во болница.

Глишиќ е еден од најблиските соработници на претседателот Александар Вучиќ и министер од мај 2024 година.

Loading