Протести низ Србија – повеќе повредени, приведени и обвинувања од двете страни

Синоќа во повеќе српски градови, вклучувајќи ги Белград, Нови Сад и Ниш, избувнаа судири меѓу полицијата и анти-владини демонстранти кои протестираа пред просториите на владејачката Српска напредна странка (СНС).

Полицијата употреби солзавец и ги потиснуваше демонстрантите, при што беа повредени повеќе граѓани и најмалку 16 полицајци.

Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ потврди дека во Нови Сад лице со пиштол било армиски старешина на службена задача. Претседателот Александар Вучиќ ги обвини демонстрантите за насилство, додека протестантите тврдат дека биле нападнати од симпатизери на СНС, меѓу кои имало и маскирани лица со палки.

Протестите завршија по полноќ, но властите најавија зголемено полициско присуство и идентификација на сите учесници во инцидентите.

Loading