Белград во пламен: Жестоки протести против Вучиќ, улиците синоќа личеа на бојно поле (Видео)

И синоќа продолжија протестите во Белград како израз на незадоволство од власта на српскиот претседател Александар Вучиќ.

Пред Правниот факултет дојде до судир меѓу демонстрантите и полицијата, а сцената потсетуваше на вистинска воена зона, јавува Нова.рс.

На видеа објавени на социјалните мрежи се гледа како демонстранти фрлаат петарди и огнени факли, додека во позадина одекнуваат и истрели.

Полициските единици напредуваа од центарот на Белград и долж Булеварот Крал Александар со цел да ги избркаат демонстрантите. Според сведоци, најголем дел од протестирачите биле млади момчиња со покриени лица.

Речиси сите околни улици беа блокирани, а Врачар практично непрооден. На патиштата беа поставени превртени контејнери, а во еден момент граѓаните ги тргнаа за да пропуштат возило на Брза помош.

Loading