МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ СО УНИКАТНА ИНИЦИЈАТИВА: ГРАЃАНИТЕ ДОБИВААТ СВОЈА КАНЦЕЛАРИЈА ЗА ПОДДРШКА

Во време кога граѓаните често се оставени сами да се снаоѓаат низ лавиринтите на институциите, Македонски концепт најавува иницијатива што претставува поинаков и несекојдневен пристап кон непосредната поддршка на граѓаните. Наместо политичката комуникација да се сведува само на изборни периоди и предизборни ветувања, партијата најавува конкретен механизам за помош – канцеларија во која граѓаните ќе можат да побараат бесплатна поддршка за своите проблеми и полесно да стигнат до надлежните институции. https://www.facebook.com/share/p/1CHPLFhcQg/

Претседателството на Македонски концепт донело одлука за отворање на „Канцеларија за поддршка на гласачите“, чија цел ќе биде да им помага на граѓаните при обраќањето до институциите, подготовката на барања и ургенции, како и следењето на постапувањето по нивните предмети.

Од партијата велат дека иницијативата произлегува од институционалната нефункционалност и игнорирањето на потребите и проблемите на обичните граѓани.

„Гласачот не е важен само за време на избори. Македонски Концепт е партија на народот и кога нема избори“, порачуваат од партијата.

Поддршката ќе опфаќа помош при решавање комунални и локални проблеми, подготовка на барања и ургенции, користење електронски услуги, како и следење на предмети за кои граѓаните подолго време чекаат одговор.

Посебно внимание ќе биде посветено на младите, на кои ќе им се помага да ја пронајдат вистинската адреса во институциите, на повозрасните граѓани кои се соочуваат со административни бариери и тешкотии при користењето дигитални услуги, како и на лицата со попреченост кои наидуваат на пречки при остварувањето на своите права.

Од Македонски концепт го истакнуваат и јавното ветување на канцеларијата: „Ќе го евидентираме вашиот проблем, ќе утврдиме кој е надлежен и ќе ве информираме за секој следен чекор.“

Канцеларијата ќе соработува со надлежните институции и служби, кои ќе продолжат да постапуваат и да одлучуваат во рамките на своите овластувања. Нејзината улога ќе биде да ја олесни комуникацијата, да обезбеди административна поддршка и да го следи предметот до јасен и документиран исход.

Иницијативата, како што наведуваат од партијата, ќе се темели на еднаков пристап за сите граѓани, без условување со партиско членство или политичка определба, како и на доверливост и одговорно постапување со личните податоци.

Македонски концепт ги повикува институциите, општините, граѓанските организации и стручните лица да ја поддржат разработката на иницијативата, а граѓаните да предложат кои дополнителни услуги и проблеми треба да бидат опфатени со работата на канцеларијата.

„Канцеларијата за поддршка на гласачите“ ќе започне со работа и прием на граѓани на 1 декември 2026 година, а поддршката ќе ја обезбедуваат професионално ангажирани лица.

За закажување термин и договарање локација за средба, граѓаните можат да се јават на телефонскиот број 070 404 767.

Loading