Историјата не треба да биде причина за поделби, туку можност подобро да се разбереме себеси и соседите. Во време кога историските симболи често се користат за политички препукувања, важно е да се потсетиме дека заедничкото културно и историско наследство може да биде мост на почитување и соработка.
Токму ваква порака испраќа професорот Петар Богојески, лидер на Македонски концепт, во својата објава по повод Денот на албанското знаме.
Ја пренесуваме во целост:https://www.facebook.com/share/p/1Lv1HNbz1f/

ПРЕКРАСНО е тоа што современите етнички Албанци ги валоризираат македонските и епирски / арванитски културолошки епитети наспроти кавказките и ги слават православното знаме и христовиот воин од македонски род – Ѓорѓија Скендербег!
Никој не може да ги заборави неговите прадедо Бранило, дедовци Павле и Марин, неговите татко Јован и мајка Воислава (ктитори на манастирот Хиландар на македонската Света Гора), браќа Репош, Станиша и Константин, сестри Мара, Елена, Ангелина, Влајка и Мамица, сопруга Донка и син Јован
Двоглавиот црн орел е древен ромејски хералдички симбол, длабоко вкоренет во историјата на источното христијанство и македонството.
Ѓорѓи Скендербег – Искендар (Александар – од османлиите наречен по Александар Македонски), чие семејство имало силни врски со Македонија и словенскиот православен свет, цели 25 години се борел против Османлиската Империја, а папството го прославило како „Athleta Christi“ – Христов воин!
Историјата е најубава кога се познава во целост.
Во мое и во име на нашата партија МК, нека е честит празникот на знамето!
Иако се користи како етничко знаме на Албанците, тоа е и национално знаме на Република Албанија, честитки и за денот на државноста.
Со нашиот западен сосед можеме вистински да соработуваме и постигнеме резултати во интерес на двата народи, македонскиот и албанскиот. Без да практикуваме етнички шовинизам.
![]()

