Извршниот директор на Македонски концепт со РЕАКЦИЈА до Ванковска

Извршниот директор на Македонски Концепт, Владимир Бангиевски со реакција на изјавата на претседателскиот кандидат  Билјана Ванковска, која помеѓу другото вели „ Социјализмот е единствен спас – алтернативата е варварство!‘‘
На својот ФБ профил Бангиевски напиша: „Какво просфетлување! Аха…Значи сега сфатив дека Швајцарија, Јапонија и Холандија се варварски држави, а Северна Кореја и Куба цивилизации во процвет!‘‘
Имено,  Димитар Апасиев и Билјана Ванковска  „уживаат‘‘ да ги шармираат  разочараните ЈУ социјалисти се со цел да го одржат во живот стариот трул систем – Партократија каде што партискиот штаб во секој град или село ќе биде центар за цивелен соживот.
 Левица сама по себе е најсвежиот продукт на идеолошката фабрика за бројлери изградена на темелите на стариот Југословенски социјализам, чијашто цел е да ги шармираат разочараните и да ги вратат назад со тоа што ќе им презентираат нов, свеж, модерен бренд на социјализам (под маската на т.н. Трета опција.) на оние кои биднаа разочарани од постариот бренд на социјализам.
Левица  заедно со Ванковска се тука да ви испорачаат замена за стариот излитен бренд на социјализам со нов. Нова освежена верзија на истата проклета приказна.