ВАНДАЛИЗАМ и ДЕВИЈАНТНО ОДНЕСУВАЊЕ во кампања – општествените норми немаат моќ поради корупцијата во општеството

Четврт ден од изборната кампања. И денес кандидатите ќе продолжат со презентирање на своите програми низ државата. Реториката се засилува, а кај некои набрзо исплива на површина  вандализмот, девијантното поведение и нецивилизираниот начин на однесување. Ова е уште еден доказ дека кај некои од учесниците во изборната трка постои суета, омраза и фрустрација кои политички мотивирани,  лесно ја покажуваат.  Ова е уште еден доказ дека општествените норми немаат моќ поради корупцијата во општеството па девијантното однесување станува дел и од предизборна кампања.

Ноќеска е опожарен билборд на кандидатот за претседател Арбен Таравари, поставен во близина на скопската Зоолошка градина, за што остро реагираа од Коалицијата „Вреди“, од каде велат дека виновниците  мора да бидат казнети со закон, затоа што ќе бидат тешко казнети и со гласање. Билбордот веднаш ќе биде заменет, но тие ќе изгубат, додаваат од „Вреди“.

Од Коалицијата „ Вреди‘‘  вчера вечерта изјавија: „Денеска на полноќ бевме известени дека бил опожарен еден билборд од кандидатот Арбен Таравари на улицата кај Зоолошката градина во Скопје. Би сакале да веруваме дека е несреќа, но билбордот од другата страна воопшто не беше допрен. Се знае која партија има насилници и криминалци во своите редови, се знае која партија ја користи власта за да се збогати и да го плаши народот. Времето на страв заврши. Оние кои палат билборди од гнев дека ги губат изборите, мора да бидат казнети од законот и правдата, но и од меѓународните набљудувачи .‘‘